Московски суд уапсил американски државјанин поради шпионажа

Лефортовскиот суд во Москва издал налог за апсење на американскиот државјанин Џин Спектор кој се товари за шпионажа, известуваат агенциите.

Судското заседавање во случајот во четвртокот било одржано зад затворени врати, поради чувствителноста на материјалите кои се класифицирани како доверливи.

Агенциите не ги објавуваат поединостите од обвинението, туку само кусо цитираат извор од судот дека на извесен „Спектор Е.М. му е одредена мерка затворски притвор“, кој не сакал да даде детали од случајот и обвинението.

Руската агенција РИА, како и другите не ја споменува националноста на уапсеното лице туку само дека станува збор за странски државјанин, наведува дека според кривичниот законик на Руската Федерација, за ова дело шпионажа на мажот му се заканува казна од 10 до 20 години затвор.

Агенцијата РИА, исто така, наведува дека личност со слични иницијали со исто презиме Спектор е Анастазија Алексеева, поранешна помошничка на рускиот вицепремиер Аркадиј Дворковил, е вмешана во дело против него. На 17-ти јуни 2021 година, Џин Спектор бил осуден од московскиот суд во Останкино на четири годии строг затвор за посредување во поткуп „со особено големи размери“. Осудениот претходно ја признал вината, а неговиот случај бил воден во одвоена постапка. Аплецискиот суд подоцна ја поништила пресудата и го вратила предметот во нова постапка, а во повторното судење тој бил осуден на затворска казна од три годии и шест месеци.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, за американската телевизиска мрежа CNN рекол дека администрацијата сѐ уште прибира информации за случајот и дека сѐ уште немаат коментар.

Американскиот Стејт департмент веднаш не одговорил на барање на агенцијата Reuters да ги коментира медиумските извештаи.