Москва денеска ќе ги „документира“ вистинските случување во Буча

Русија ќе ги објави документите за „вистинскиот карактер“ на настаните во украинското место Буча, крај Киев, каде руските сили од страна на украинските власти се осудени за наводен масакр врз цивики, порача во понеделникот рускиот минисер за надворешни работи Сергеј Лавров, а американски Пентагон вели дека нема независна потврда за настаните.

„Денеска преку нашиот постојан претставник во Обединетите нации ќе организираме прес-конференција на којашто ќе ги предочиме документите за вистинскиот карактер на настанот, рече Лавров.

Руското министерство за надворешни работи додава дека прес-конференцијата ќе се одржи во 21,30 по средноевропскио врме во седиштето на светската организација во Њујорк.

Кремљ претходно во понеделникот решително ги отфри сите обвененија во врска со наводното откритие на голем број трупови на цивили по повлекувањето на руските сили. Лавров, пак, снимките на труповите по улиците ги нарече „лажни“ како продолжение на „пропагандно-дезифорамциската кампање“ против Русија.

Истовремено, во Вашингтон високопозициониран претставник на Пентагон за медиумите изјавил дека САД немаат потврда од независни извори за информациите за бројните жртви меѓу жителите на киевското предградие Буча.

„Не можеме независно да ги потврдиме извештаите за злосторствата во Буча… Ние не можеме независно и самостојно да го потврдиме ова“, рекол за новинарите функционерот кој барал анонимност.

Руското министерство за одбрана соопшти дека сите фотографии и снимки објавено од страна на властите во Киев коишто наводно сведочат за „злосторства“ на руските војници во Буча се „уште една провокација“.

Според објавата, во времето кога оваа населба била под контрола на руските воени сили, ниеден локален жител на доживеал насилство. Министерството истакнува дека руските единици ја напуштиле Буча на 30-ти март, а излезите од градот во северна насока не биле никогаш блокирани, додека јужните периферии, вклучително и станбени населби биле гранатирани од украинската војска деноноќно од артилерија со голем калибар, тенкови и повеќекратни ракетни системи за лансирање.

 

Лавров за преговорите со Украина

Руската и украинската делегациија со седмици преговараа за пронаоѓање договор со кој ќе биде запрена војната. Лавров во понеделникот оцени дека украинските преговарачи од минатата седмица почнале да покажуваат повеќе „чувство за стварноста“, велејќи дека „сѐ уште постоја шанси“ за постигнување договор.

„Според резултатите од рундата преговори којашто на 29-ти март се одржа во Истнабул, гледаме појава на реализам во позициите на украинската делегација. Реализам во однос на начините на коишто ќе се осигури безбедноста на Украина, на претставниците на Киев веќе им стана јасно дека во НАТО не можат да добијат безбедносни гаранции и дека влегувањето во Алијансата треба да се заборави“, рече шефот на руската дипломатија на прес-конференцијата.

Продолжувајќи на истата тема, Лавров посочи дека „има повеќе реализам за неопходноста во договорот да се зацврсти неутралниот статус на Украина, се разбира, нејзиниот ненуклеарен статус, имајќи ги предвид флертувањата со оваа тема кои се слушаа во изминатите неколку месеци од украинските челници“.

„Секако, во позициите на украинската делегација се појави многу поголем резлизам и во одност на статусот на Крим и на Донецката и Луганската народни републики“, рече Лавров истакнувајќи дека „допрва треба да се сфати како овие појави на реализиам ќе бидат преведени на јазикот на договорот, на хартија“.

Одговарајќи на новинарско прашање за критиките на американскиот претседател Џо Бајден кој повторно рускиот челник Владимир Путин повторно го нарече „воен злосторник“, Лавров ја осуди „ароганцијата“ на американските челници повторно порачувајќи им да се потседател на војните во Ирак, Либија, Авганистан…