
Руското Министерство за одбрана соопшти дека припадници на Исламска држава се кријат во џамии, а локалните жители ги користат како жив штит бидејќи знаат дека руски борбени авиони не би пукале врз цивилни области.
– Припадници на Исламска држава се кријат во џамии, а свои возила паркираат околу нив. Тие знаат дека почитуваме џамии и никогаш не би нападнале цивилни области, изјави Анатолиј Антонов, заменик министер за одбрана. Тој додаде дека руската армија внимателно проверува разузнавачки податоци пред да изврши напади.
– Стотина пати проверуваме разузнавачки податоци, и извршуваме удари откако целосно ќе бидеме сигурни, изјави Антонов.
– Денес имаме податоци дека терористи се кријат во џамии. Имаме и видео податоци дека терористи ја кријат својата техника околу џамии, наведе тој синоќа по средбата со воени аташеа од неколку држави.