Русија е спремна за прагматичен, рамноправен дијалог со новите власти во Украина, изјави денес во Москва шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Спремни сме, основа на изборите, да градиме прагматчен, рамноправен дијалог на основите кои постојат. Ја имам предвид реализација на сите постоечки договори, во трговско економската област, обаласта на гасот“
Спремни сме за наоѓање на взаемно прифатливи решенија за проблемите кои постојат во односите меѓу Русија и Украина“, рекол Лавров на прес конференцијата за новинарите.
Лавров рекол дека Русија „со почитување се однесува кон вољата на украинскиот народ“ и додал дека е важно и новата украинска власт „со почитување да се однесува кон својот народ и да размислува за компромис земајќи ги предвид сите политички сили, сите етнички и верски заедници“.
Тој додал дека Москва се залага за дијалог со Киев и сите региони на Украина, верувајќи дека е тоа клучот за решение за длабоката криза во земјата.