Министерството за одбрана на Русија соопшти дека денеска руските трупи во подрачјето покрај Укранската граница се преместуваат кон железничките станици и аеродромите, за да се вратат во своите матични бази.
Во соопштението на министерството кое го пренесуваат руските новински агенции, се наведува дека воените единици во Белгород, Бријанск и Ростов ова утро тргнале и дека нивното враќање во базата се очекува на први јуни.
САД и НАТО и понатаму тврдат дека не гледаат никакви знаци на повлекување.
Спрема нивните проценки, Русија во три погранични области распоредила 40.000 војници.
Претседателот на Русија, Владимир Путин во понеделник наредил повлекување кое би можело да биде обид за ублажување на тензичните односи со Западот заради Украина.
Министерството за одбрана на Русија соопштило дека вчера единиците во Бријанкс, Белгород и Ростов ги отстрануваат своите кампови, во подготовка за враќање во матичните бази.