Москва: Фронтот Ал-Нусра планира голема офанзива на Алепо

al Nusra

Екстремистите на „Фронтот Ал-Нусра“ во Сирија ги групираат силите околу Алепо и планираат голема офанзива со цел да го „пресечат“ патот меѓу овој град и Дамаск, изјави денеска началникот на Главниот оперативен директорат на рускиот Генералштаб, Сергеј Рудској.

– Имаме доверливи информации дека се планира офанзива од големи размери со цел да се пресече патот кој ги поврзува Алепо и Дамаск, истакна Рудској.

Тој нагласи дека околу 10.000 борци на екстремистичката група се групираат во близина на Алепо, додавајќи дека руското Министерство за одбрана побарало од американските колеги да го спречи тоа.

Рудској истовремено ја обвини Турција дека продолжува да ги поддржува терористите на „Фронтот Ал-Нусра“ со оружје и приврзаници.