Москва ги обвини украинските националисти дека како заложници држат над 6.000 странци

Припадниците на паравоените формации на радикалните украински националистички движења држат како „жив штит“, а 76 странски бродови остануваат блокирани во украинските пристаништа, изјави во понеделникот генерал-полковникот Михаил Мизинцев, челник на рускиот Национален центар за управување со одбраната.

„Украинските националисти и натаму држат како ‘жив штит’ 6.255 странски државјани на 12 земји. Освен тоа, 76 странски бродови од 18 држави и натаму се блокирани во украинските пристаништа“, рекол Мизинцев кого го цитира агенцијата РИА.

Нагласил дека заканата од гранатирања и големата опасност од подводните мини кои ги поставиле властите во Киев во украинските територијални води не дозволуваат бродовите слободно да испловат на отворено море.

Мизинцев посочил дека руските сили секојдневно од 8 до 19 часот по локално време го отвораат поморскиот хуманитарен коридор, кој претставува безбедна линија во југозападне оравец од територијалните води на Украина во должина од 80 и широчина од 3 наутички милји. Истакнал дека деталните информации на англиски и руските јазик за функционирање на коридорот се емитуваат на секои 15 минути преки УКВ-радиоврска на два меѓународни канала.

„Истовремено, властите во Киев и натаму избегнуваат соработка со претствниците на државите и на компаниите сопственици на бродовите за осигурување безбеден излез на странските бродови од зоната“, рекол Мизинцев.

Рекол и дека украинските претставници одбиваат да разговараат за проблемот и во рамките на Меѓународната поморска организација (IMO). Мизинцев нагласил дека Русија презема мерки за безбедна цивилна пловидба во водите на Црното, Азовското и Средоземното Море.

„Уште еднаш ја предупредуваме целата меѓународна заедница за заканата од пренабрегнувањето на заканата од украинските мини откинати од нивните сидра долж бреговите на цнорморските земји. И натаму ги повикуваме меѓународните органзиации, како и компаниите сопственици на бродовите, да продолжат да влијаат врз официјален Киев за итно прифаќање на мерките за деблокирање и обезбедување безебедно испловување на бродивите од украинските пристаништа“, рекол Мизинцев.

Во саботата Меѓународната поморска организација (IMO) и Меѓународната организација на трудот (ILO) предупредија дека ситуацијата „станува неодрлжлива“, наведувајќи ги ризиците кои ги претставуваaт војната и недостигот од храна, горива, свежа вода и други основни потребно.

„Бродовите кои се наоѓаат во опколениот пристанишен град Мариупол особено се загрозени“, се истакнува во соопштението без да се наведе причината за тоа.

Агенцијите објавија дека до 30-ти март се пријавени 86 трговски бродови блокирани во украинските пристаништа и води, со околу илјада поморци.Во тек е воспоставување безбедносен коридор во Црното и во Азовското Море, рекоа од IMO и ILO.

Русија кон средината на март предупреди дека подводните мини во Црното Море, поставени од украинската армија околу пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни, би можеле да стигнат до Босфор, па дури и до Средоземното Море.
Според овие податоци, станува збор за околу 420 застaрени мини произведени во првата половина од минатиот век, и се предупредува дека бурите влијаеле врз кинењето на каблите кои ги поврзуваат мините со котвите и оти поради површинските морски струи кои се движат во јужна насока не е ислкучено плутање и придвижување на мините кон Босфорот, а потоа и кон морињата во Средоземноморскиот басен.

Три вакви објекти веќе беа откриени од турската морнарица, два во водите на Босфорот а еден во близина на поморската граница со Бугарија.