Единиците на украинската војска и територијалната одбрана ги заземале своите позиции во училиште и детска градинка во Николаев, еден од поголемите економски центри на југот на Украина, а истовремено во Харков заедничката единица на украинската војска поставиле ракетни системи на универзитетот во Харков, предупредија во понеделникот вечерта од руското министерство за одбрана.
„Во Николаев, во детската градинка бр. 126 (…) и училиштето бр. 11 (…), распоредени де единици на украинската војска и територијалната одбрана“, изјави шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, генерал-полковникот Михаил Мизинцев, пренесува агенцијата РИА.
Додал дека во селото Широколановка, во Николаевската областм на територијата на средно стручно училиште во центарот на местото, украинските војски поставиле тешко вооружување, а на покривите од образовната институција снајперски позиции и мобилни противвоздушни ракетни системи.
Истовремено руското министерство за одбрана објави дека украинските единици и единица на полските платеници на територијата на Националниот технички универзитет во Харков, вториот по големина украински град на самиот југоисток од земјата, распоредиле артилериски оружја и повеќекратни ракетни системи.
„Истовремено намерно не е извршена евакуација на цивилното население од околните куќи и згради“, истакнал Мизинцев.
Додал дека во местото Пивничное во одметнатиот регион Доњецк, во тамошната детска градинка била воспоставена борбена позиција со сместување на борци на украинските паравоени формации и странски платеници, а приодите кон објектот се намерно минирани, за што според Мизинцев локалното население намерно не било известено.
Од почетокот на војната во Украина, руската војска предупредува дека украинските сили своите позиции ги поставуваат чувствителна цивилна инфраструктура во станбени населби, во болници, училишта и детски градинки, недозволувајќи им на цивилите да се евакуираат користејќи ги како човечки штит. Според Москва, таквото однесување претставува воено злосторство, а целта за е уништувањето на овие објектт кои стануваат така легитимни воени цели да се обвини руската војска.