![Mariupol](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/6650941.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Руското министерство за одбрана оцени во саботата дека хуманитарната ситуација во Украина се влошува во некои градови и ги обвини украинските сили дека не го почитуваат прекинот на огнот, дека ги минираат селата и градовите и не го дозволуваат евакуирањето на цивилното население.
„Ситуацијата во Украина, за жал, продолжува да се влошува и во некои градови добива катастрофални размери“, предупреди началникот на Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација, генерал-полковникот Михаил Мизинцев.
Мизинцев ги обвини укрианските националисти и странските платеници дека ги минираат станбените населби, ја уништуваат клучната цивилна инфраструктура како што се патиштата и мостовите. На цивилите им се попречуваат правците за евакуација и ги оставаат без струја, вода, храна и лекови.
Го обвини и украинското разузнавање Службата за безбедност на Украина (СБУ) дека започнала со масовни испрашувања и тормозења на цивилите кои ќе се пријават за евакуирање преку правците кои водат кон Русија или под контрола на проруските милиции.
Според Мизинцев, откако руската страна ги објавила статистичките податоци за оние цивили кои сакаат да се евакуираат во Русија, СБУ добила инструкции „деноноќно да ги следи и идентификува сите повици, да притвара и апси, да врши претреси и испрашувања“ на цивилите. Цитираше порака од маж кој вели дека неговата сестра со две малолетни деца од Киев е принудена да оди по хуманитарен коридор кој не е безбеден кон западна Украина и Полска, иако не сака да добие статус на бегалец во странство.
Ситуацијата е особено тешка во Мариупол, важниот пристанишен град на југот, каде што „стотици илјади жители“ се фатени во обрач, тврди Мизинцев обвинувајќи ги украинските националисти од ткн баталјон „Азов“ и мноштвото платеници во овој град, кои ги „бомбардираат станбените населби“.
Според него, во саботата во Мариупол групите на „неонацистите“ со закана на цивилите им ги одземале последните резерви храна, облека и вредни предмети, а „оние кои ќе покажале и најмал отпор биле застрелани на самото место“.
„Луѓето се на работ од очајот, а официјален Киев, знаејќи ја вистинската состојба на теренот продолжува цинично преку украинските медиуми да тврди дека тоа се наводно резултати од акциите на руските сили… Притоа сите тие злосторства – минирања, експлозии, поставувањето на борбени позициите во станбени населби, болници, училишта, детски градинки – се случуваат пред сведоци кои порано или подоцна ќе му ја кажат на светот сета вистина за оваа трагедија“, додаде Мизинцев.
Според него, во саботата во Украина биле отворени 11 хуманитарни коридори.
„Исклучиво за хуманитарни цели денеска од 10 часот беа по осми пат обезбедени хуманитарни коридори во правците на Киев, Чернихив, Суми, Харков и Мариупол, еден кон Русија и уште еден преку териториите кои ги контролираат властите во Киев кон западните граници на Украина“, рече Мизинцев.
Додаде дека украинската страна на коридорите предложени од руската војска додале уште еден кон Житормир, но потоа Киев официјално не потврдил ниту еден што „уште еднаш ја докажува рамнодушноста на актуелната власт (во Украина) кон сопствениот народ“.
Мизинцев речедека во Украина од Русија досега се испорачани 1.935 тони хуманитарен товар, спреведени се 237 хуманитарни акции од кои 22 само во последните 24 часа во регионите на градовите Киев, Запорожје, Харков и Чернихив во кои се испорачани 264 тони основи придукти, лекови и храна.
Портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, во саботата претходно рече дека во последните 24 часа руските сили уништиле уште 79 цели на украинската војска, меѓу кои контролни и командни центри, шест складишата за миниција и гориава, бирбен хеликоптер „Ми-24’ и три офанзивни дрона, или вкупно од почетокот на операцијата вкупно 3.593 објекти на воената инфраструктура.