Москва ги потврди нападите врз енергетската инфраструктура на Украина

Русија изврши бран напади врз украинската енергетска инфраструктура која ја поддржува воено-индустриската индустрија во Украина, потврди Министерството за одбрана во Москва, објави „РТ“.

Во соопштението во вторникот, министерството рече дека неговите сили извршиле „групен напад лансирајќи проектили со голема прецизност и долг дострел, од копно, воздух и море, како и нападни со беспилотни летала“ врз цели на територијата контролирана од Киев.

Според официјални лица, нападите биле насочени кон „гасни и енергетски капацитети кои ја поддржуваат украинската одбранбена индустрија, инфраструктурата на воените аеродроми и локациите за складирање на беспилотни летала“.

„Целите на нападите се постигнати“, се вели во соопштението.

Украинските власти, исто така, ги потврдија нападите, и посочија  дека морало да се воведат привремени локализирани прекини за да се минимизира влијанието врз електричната мрежа. Министерството за енергетика, сепак, појасни дека ограничувањата нема да влијаат на резиденцијалните потрошувачи, критичната инфраструктура или деловните субјекти кои увезуваат повеќе од 60 отсто од нивната електрична енергија.

Нафтогас, државната гасна компанија на Украина, пријави штета на производствените капацитети во северниот регион Полтава, додавајќи дека нема жртви. Локалните власти, исто така, потврдија дека девет населби во областа Миргород останале без снабдување со гас по нападите.

Во регионот Харков, руските беспилотни летала оштетија далноводи и трансформатори, што доведе до локализирани прекини на струја, објави Strana.ua, додека канцеларијата на локалното обвинителство потврди дека е оштетена критична инфраструктура, станбени згради и деловни објекти, но нема повредени.

Москва со месеци ги напаѓа украинските воени инсталации и енергетската инфраструктура поврзана со одбранбените операции, наведувајќи дека овие напади никогаш не се насочени кон цивили. Во меѓувреме, Русија ја обвинува Украина за изведување напади врз нејзината цивилна инфраструктура, вклучувајќи и станбени области, како и погони за преработка на нафта низ целата земја.