Москва ги повикува САД и ЕУ да го дисциплинираат Косово

Русија ги повика во средата САД и Европската унија од косовските Албанци да бараат да ги променат своите провокативни и конфротирачки политики, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров истакна дека интересот на Русија е Обединетите нации да го задржат својот сегашен мандат во поранешната јужна српска покраина.

„Ги повикувама Вашингтон и Брисел да влијаат на Приштина и да ја сфатат својата одговорност за спроведување на резолуциите на Советот за безбедност (при ОН), кои се донесени заедно со САД и ЕУ, и да ги натераат косовските Албанци да ја запрат својата провокативна и конфронтирачка политика“, изјавил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ.

Лавров истакнал дека Русија нема да дозволи Советот за безедност на ОН да го промени мандатот на Обединетите нации на Косово, пренесуваат белградските медиуми.

„Се чини дека Западот се обидува да го присили секретаријатот на ОН да протурка некои предлози, кој ќе го поткопа мандатот на Мисијата на ОН на Косово и Метохија. Тоа би претставувало дирекнот кршење на Резолуцијата 1244, а ние ќе сториме сѐ што е во наша моќ тој провокативен план да не се реализра“, истканал Лавров.

Најавил дека Русија ќе ги продолжи напорите во координирањето на надворешната политика со Србија со „интензивен дијалог и контакти на највисоко ниво“, на што, по негова оцена „тон особено ѝ дал посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград во јануари годинава“. Лавров оцени дека на Србија ќе продолжат притисоците од Западот да ја прзнае независноста на Косово еднострано прогласена во 2008 година, но дека Белград самиот мора за тоа да донесе одлука.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ ѝ се заблагодарил на Русија, особено на Путин и Лавров на големата поддршка на Србија во одбрана на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, и порача дека „без помошта од пријателите тоа не е возможно“.

„Србија не е во состојна да го заштити својот национален интерес без помошта од Руската Федерација. Ситуацијата на меѓународната сцена е таква, а правилата на меѓународниот поредок сѐ повеќе се уриваат и се такви дека Србија без помош на пријателите не може да ги заштити своите национални интереси“, истакнал Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија најавил дека претседателите на Русија и на Србија, Владимир Путин и Александат Вучиќ ќе се сретнат во Кина на 26-ти април.

Средбите и консултациите со кинескиот претседател Кси Џинпинг и рускиот Владимир Путин, претходно ги најави и српскиот претседател Александат Вучиќ во контекстот на подготовките за српско-аланскиот состанок на 29-ти април во Берлин посветен на Косово на кој германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ги повикаа политичките водачи од западен Балкан. Во Берлин се повикани претседателот и премиерката на Србија, Александат Вучиќ и Ана Брнабиќ, претседателот и премиерот на Албанија, Илир Мера и Еди Рама, и косовските челници Хашим Тачи и Рамуш Харадинај.

Приштинските медиуми објавија, повикувајќи се на неименуван соговорник од германската влада, дека целта на Меркел и Макрон е „стабилност во регионот, со фокус на дијалогот меѓу Белград и Приштина“ кој е во застој веќе неколку месеци.

Освен германско-француската покана за претставниците на споменатите земји од западен Балкан, во Берлин на 29-ти април се очекува и учество на претставник на Европската комисија. Српските медиуми претходно ја пренесоа пораката од Германија дека по изборите за Европскиот парламент, во рамките на стратегијата на ЕУ за Балканот, ќе биде претставен нов план за расплетување на косовскиот јазол во кој Белград и Приштина досега не успеаја да се договорат.

Сепак, и српската премиерка Брнабиќ и шефот на дипломатијата Дачиќ во средата повторија дека укинувањето на 100-процнетните царински намети на Косово за производите од Србија е „минимумот од минимумот“ за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина.

Истовремено, косовскиот премиер Рамуш Харадинај во средата упати нова провокација порачувајќи дека тој не ја гледа својата улога на средбата во Берлин, бидејќи за преговорите со српската страна тој самиот не бил овластен, туку тим избран во парламентот во Приштина.