Украинската војска организирала нови провокаци чија цел е да ги обвини руските војници за наводни насилства врз цивили, предупреди во вторникот портпаролот на руското министерство за одбрна, генерал-мајорот Игор Конашенков.
„Според потврдените информации, вечерта на 4-ти април во селото Мошчун, 23 километри северозападно од Киев, војниците на 72-украински главен центар за психолошки операции извршиле уште едно монтирано снимање на цивило кои наводно се убиени во насилните акции на Вооружените сили на Русија кои подоцна треба да бидат дистрибуирани преку западните медиуми“, прецизираше Конашенков.
Додаде дека украинските безбедносни служби организирале слични случаи во Суми, Конотопе и други места.
Украинските власти претходно во вторникот утрото објавија дека досега пронашле тела на 410 цивили во областите околу Киев, вклучително и во Буча.
Во неделата руското министерство за одбрана ги отфрли фотографиите и снимките со трупови по улиците на Буча што ги објави Киев за наводни злосторства сторени од руската војска, оценувајќи дека станува збор за монтирани.
Во реакцијата на Москва се наведува дека во текот на целото време кога ова киевско предградие било под контрола на руската војска ниеден локален жител не бил подложен на насилство.
Министерството истакна дека руските единици целосно ја напуштиле Буча на 30-ти март, а наводните „докази за злосторствата“ се појавиле дури четири дена подоцна, кога офицерите на украинското разузнавање СБУ и сниматели влегле во Буча. Покрај тоа, како што беше истакнато, тамошниот градоначалник Анатолиј Федорук на 31-ви март објавил видеоппорака во која потврдива дека во Буча повеќе нема руиски војници и во кое со ниеден збор не споменува погубени жители на градот.
Се додава дека сите жители на Буча можеле слободно да го напуштат градот во северен правец и излезот не бил блокиран. Руското министерство за одбрана, исто така, посочи дека местото било гранатирано од украинските сили со артилериско оружје од голем калибар од јужна насока.