Москва го обвини Киев за „уште еден терористички чин“

Нападите со украински беспилотни летала во Русија се финансираат со странски пари, соопшти руското МНР.

САД и нивните сојузници спонзорираат „терористички режим“ во Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по обидот за напад со беспилотно летало врз Москва, рано во вторникот.

Беспилотните летала лансирани од „киевскиот режим“ се обидоа да таргетираат области со цивилна инфраструктура, вклучувајќи го и аеродромот Внуково, кој „патем, прифаќа странски летови“, напиша Захарова на Телеграм.

Упадот на дронот беше „уште еден чин на тероризам“ од Украина, рече таа.

„Со оглед на тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги извршува тие терористички напади со оружје обезбедено од Запад или платено со западни фондови, ова е меѓународен тероризам.

Крајно време е меѓународната заедница да сфати дека САД, Велика Британија и Франција, кои се сите членки на Советот за безбедност на ОН, „спонзорираат терористички режим“ во Украина, продолжи Захарова.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека пет украински беспилотни летала биле вклучени во обидот за напад врз Москва.

Четири беа соборени од противвоздушна одбрана над делот на Нова Москва, додека друго летало се урна во областа Одинцово во Московскиот регион, според Министерството.

Нема жртви или материјална штета на теренот како резултат на упадот, се додава.

Кон крајот на мај, Министерството за одбрана соопшти дека Киев извршил голем напад врз Москва со осум беспилотни летала, што доведе до оштетување на неколку станбени згради, а две лица се здобија со полесни повреди.

Претходно во истиот месец, два беспилотни летала беа оневозможени од воздушната одбрана додека се обидуваа да го нападнат Кремљ во центарот на Москва. Украинските власти негираа дека се вмешани, но Москва го означи инцидентот „предходно планиран терористички чин“ и обид за атентат на рускиот претседател Владимир Путин од страна на Киев.