Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва и Киев постигнаа „меѓусебно разбирање“ околу клучни елементи од планот на украинскиот претседател Петро Порошенко за прекин на насилството во источниот дел на Украина.
– Како резултат од работата, земјите постигнаа меѓусебно разбирање за клучни етапи од исполнувањето на планот и од списокот на приоритети, кои ќе придонесат за деескалaција на тензиите во украинските области Доњецк и Луганск, се наведува во соопштението на украинското Министерство.
Во соопштението нема повеќе детали од сребдата на Контакт групата, која е составена од претставници на Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).