Москва има информации дека Гани избегал од Авганистан со „купишта пари“

Руската амбасада во Кабул во понеделникот објави дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани побегнал од земјата со четири автомобили и хеликоптер претоварени со готовина и дека морал дел од парите да остави бидејќи сите не ги собирало, пренесува агенцијата РИА.

Ашраф Гани, за кого во моментов постојат сомневања дека се наоѓа во Таџикистан од каде чека да замине во трета земја, во неделата се огласи дека заминал од Авганистан откако талибаните влегоа во главниот град Кабул без речиси никаков отпор. Гани притоа рече дека сакал да го избегне крвопролевање, но тој до крај одбиваше да си замине од претседателската должност, како што бараа талибаните за продолжување на меѓуавганистанските мировни преговори.

Русија објави дека ќе го задржи дипломатското присуство во Кабул, а тамошната мисија во понеделникот објави дека талибаните ја гарантирале безбедноста на амбасадата и персоналот и го преземале обезбедувањето на самиот објект од авганистанските владини сили. Москва се надева дека ќе ги продолжи контактите со талибаните воспоставени при неколкуте организирања меѓуавганистански преговори во руската престолнина, иако смета дека не треба да се избрзува со нивното признавање како власт во земјата.

„Кога станува збор за падот на владата, најубаво го илустрира начонот на кој Гани побегна од Авганистан. Четири автомобили биле полни со пари, се обиделе дел од парите да натискаат и во хеликптер но не можеле сѐ“, А дел од парите останал на пистата“, изјави Никита Ишченко, портпарол на руската амбасада во Кабул, повикувајќи се на очевидци.

Специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кубов, изјави претходно дека не е познато колку владата во заминување ќе остави зад себе.

„Се надевам дека владата којашто побегна не ги однесе сите пари од државниот буџет. Доколку нешто останало, тоа ќе биде основа за буџетот“, изјави Кубов за московското радио.

„Гани не го напушти Авганистан, туку избега. И избега на срамен начин. Тој човек уште завчера, зборувајќи во телевизиското обраќање до авганистанскиот народ, тврдеше дека е подготвен да се бори до крај и да го даде својот живот. Таков е всушност. Избран сомнително, влдееше лошо и заврши срамно. Немам друга дефиниција во врска со оваа личност. Заслужува да биде изведен пред лицето на правдата и да одговара пред авганистанскиот народ“, рече Кабулов во интервјуто за телевизијата Звезда.