Русија на Авганистан ќе испорача 30 хеликоптери „Ми-17“ врз основа на догoворот за испорака со САД, наспроти американското соопштение за суспензија на воените односи со Русија и можните санкции против руската воена индустриjа поради Крим.
„Нема да одговориме на никакви закани и веруваме дека здравиот разум и добрата волја на нашите партнери ќе надвладее во однос на емотивните испади,“ изјави директорот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка Александар Формин, пренесува агенцијата Итар тас.
Русија е во затегнати односи со западот поради ситуацијата во Украина, посебно откако Крим влезе во состав на Русија по одржаниот референдум кон средината на март на тој полуостров.