Руските единици кои дејствуваат во јужните украински регион во последното деноноќие уништиле повеќе од 1.200 припадници на украински борбени формации во областа на Николаево – Кривиј Рог и во други правци, тврди во вторникот руското Министерство за одбрана и додава дека на другите боишта се убиени уште неколку стотини припадници на украинските паравоени формации и странски платеници.
„Како резултат на погромот на офанзивата по лична наредба на (украинскиот претседател Владимир) Зеленски во Николаев – Кривиј Рог и други правци, непријателот претрпе големи загуби“, се наведува во дневниот брифинг на руските војски за нивните дејствија на украинското деноноќие изминатото деноноќие.
Според овие податоци, кои не можат да се проверат од независни извори, руската борбена група во вчерашните борби уништила 48 тенкови, 46 борбени оклопни пешадиски возила, 37 други оклопни борбени возила, 8 камионети со митралези со голем калибар и „повеќе од 1.200“ украински војници.
Руските трупи, наводно, ја уништиле 128-та специјална планинска јуришна бригада на украинската армија доведена во југоисточните региони од западна Украина, а петмина војници од нејзиниот состав се предале.
Руската војска наведува во вторникот и дека воената авијација уништила пет командни пунктови на украинската војска, три складишта за муниција, како и 52 артилериски орудија.
Се известува и дека руските единици ликвидирале повеќе од 100 припадници на украинската формација „Кракен“ којашто Москва ја смета за составена од припадници на ултранационалистичките движења, како и странски платеници во близина на селото Константиновка во југоисточната област Доњецк. Се додава и дека во борбите кај Александровка во областа Дњепропетровск биле убиени 200 украински борци, меѓи кои околу 400 странски платеници.
Руското министерство за одбрана, исто така, во дневниот брифинг тврди дека противвоздушните системи собориле два украински авиона „Су-25“ во регионот Николаев и пет беспилотни летала во регионот на Харков.