Повеќе од 400 руски демонстранти, кои вчера биле приведени во текот на протестите во Москва, би требало денеска да бидат изведени пред суд.
Демонстрантите кои синоќа се собрале во близина на Црвениот плоштад, во знак на поддршка на опозициските активисти против кои претходно биле изречени пресуди поради тоа што биле организирани „масовни нереди“ во 2012-та година кога над десетина илјади лица протестирале поради третиот претседателски мандат на Владимир Путин.
Полицијата синоќа уапсила околу 420 демонстранти во близина на плоштадот Манежнаја и по околните улици на основа на различни обвиненија, вклучувајќи го учеството во неодобрениот собир и пружање отпор на полицијата.