Во последното деноноќие во борбените операции на руските единици во југоисточна Украина загинале повеќе од 400 припадници на украинската војска и на паравоените украински формации, како и повеќе од 100 странски платеници, објави во петокот на редовниот брифинг руското Министерство за одбрана.
Според податоците кои не можат да се проверат од независни извори, во реоните на градот Славјанск и населбите Езерное во одметнатата доминантно руска и рускојазична област која во најголем дел е под контрола на сепаратистички и руските сили а каде веќе еден месец украинската војска изведува противофанзива, цел на руските напади биле насочени кон единиците составени од странски борци, убиени биле повеќе од 100 војници Нов Москва ги означува како странски платеници и за кои тврди дека станува збор за наводно пензионирани професионални војници од земјите членки на НАТО кои се јавуваат како наводни „доброволци“ во украинската војска.
Повеќе од 220 украински војници на единиците 81-та аеромобилна бригада на украинската армија загинале во удари на руската борбена авијација во регионот на градот Краматорск, во западните делови на регионот Доњецк, се додава во дневниот извештај на руската војска.
Руските воздухопловни сили, исто така, според истиот извор уништиле и повеќе од 190 борци и 12 единици воена опрема во напад врз позициите на тактичката оперативна групација „Чајка“ на украинските сили, како и позициите на украинските баталјони „Скиф“, „Днепр“ и „Гепард“ за кои Москва тврди дека се составени од припадници на неонацистичките и ултранационалистичките украински движења.
„Со ударите на оперативно-тактичката и армиската авијација, ракетните трупи и артилеријата беа погодени позициите на 590та моторизирана пешадиска бригада и на 63-та механизирана бригада на Вооружените сили на Украина во областите на населбите Безименое и Терновје во Николаевската област. Загубите на непријателот во оваа област изнесуваа повеќе од 130 војници“, се додава во брифингот на руското Министерство за одбрана.
Покрај тоа, руската страна известува дека во периодот меѓу четвртокот и петокот до пладнето биле нападнати и четири командни центри на војската на Украина, два и извидувачки позиции, а од нејзините досегашни позиции била потисната 74-та единица на украинската артилерија, жива сила и опрема во вкупно 142 области. Притоа наводно биле уништени три магацини со муниција и оружје, еден противвоздушен систем „Бук-М1“, а во воздушни битки биле соборени украински борбени авиони – еден „МиГ-29“ и два „Су-25“.