Официјална Москва не ја отфрла можноста за прекинување на врските со Европската унија доколку Брисел воведе санкции кои ќе ја загрозат руската економија, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.
Веруваме дека сме подготвени, доколку видиме уште еднаш, како што сме виделе повеќепати досега, дека санкциите се воведени во области кои и нанесуваат штета на нашата економија и во најчувствителните области, да ги прекинеме односите на Европската унија , изјавил Лавров.