Москва не сака да размислува за евентуален воен судир со Турција во Сирија

Москва не сака ниту да размислува за евентуален судир со Турција во Сирија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не сакаме ниту да размислуваме на таква варијанта… Затоа постојат многу канали за врска меѓу нашите војници, за што веќе сум зборувал, истакна Песков на прес-конференција.

На новинарско прашање дали според Русија не е време Турција да ја напушти Сирија,  претпоставувајќи дека нејзината задача за борба против тероризмот е веќе остварена, Песков додаде дека не може да одговори на тоа прашање, „а тоа можат да го направат само војниците“.