Главна причина за вчерашната несреќа во московсото метро, при што загинаа 22 лица, според истрагата, би можела да биде неисправност на железничката свртница, соопшти извор од правосудните органи на руската престолнина.
Како што јави ИТАР-ТАСС, истрагата, сепак, разгледува и други верзии на настанот.