Москва објави за неуспешен обид за украинска офанзива во Херсон

Украинските единици претрпеле големи загуби во неуспешниот обид за противофанзива од три правци во Николаевскатиот и Херсонскиот регион во југоисточна Украина кои се под контрола на проруските сепаратистички и руските сили, соопшти во понеделникот руското Министерство за одбрана.

„Во текот на борбите уништени се 26 украински тенкови, 23 пешадиски околни борбени возила, девет други оклопни борбени возила, соборени се два јуриши авиона ‘Су-25’… Загубите на непријателот во жива сила изнесуваат повеќе од 560 војници“, објави во понеделникот вечерта руското Министерство за одбрана.

Се истакнува дека украинските единици се обиделе да изведат напредување по директна наредба на претседателот Владимир Зеленски кој повеќе од еден месец ја најавува противофанзивата со која под контрола на Киев ќе биде вратен стратешки важниот јужен регион Херсон. Претходно во неделата украинските медиуми објавија за состанок одржан „во тајност“ меѓу претседателот Зеленски и воениот врв, но немаше поединости за заклучоци од средбата.

Претходно во понеделникот шефицата на прес-центарот на оперативната команда „Југ“ на украинското Министерство за одбрана, Наталија Гумењук, изјави дека украинските сили започнале контраофанзива.

„Денеска започнавме офанзивни операции на различни правци, вклучително и во регионот Херосн“, објави Гумењук, а агенцијата Reuters цитирајќи ја нејзината изјава ја пренесе и изјавата на својот дописник со описот дека „вооружените сили на Украина започнале офанзива на јужниот фронт“.

„Воениот сектор на Украина ги повикува граѓаните да се евакуираат од областите на воените дејствија“, апелираше Гумњук.

Засега нема потврда од независни извори на тврдењата на двете завојувани страни.

Украинскиот генералштаб не спопменува офанзива во својот дневен извештај од понеделникот вечерта, но повторно украинските власти ги повикаа жителите на областите кои се под контрола на руските сили да ги напуштат или доколку не се во можност да заминат, да обезбедат резерви од храна и вода и да се засолнат во безбедни објекти.

Западните воени коментатори „заележале“ наводно украинско напредување во Нова Каховка, на важен правец за логистика на десната страна на брегот кој минува преку брана на Дњепар. Украинската армија од оддалечени позиции изминатите денови постојано го гранатираше тој пат.

Од друга страна, проруските власти во Нова Каховка, во Херсонската област, известија дека украинските сили извеле масовен ракетен напад врз тамошна хидроцентрала по што избувнал пожар, а градот останал без снабдување со електрична енергија и вода.

Регионот Херсон се наоѓа во јужна Украина и се граничи со Крим, поради што има и големо стратешко значење, а властите во Киев уште кон средината на јули му порачаа на тамошното населени да се евакуира поради претстојна противофанзива на украинските сили. Но досега украинската војска не одише во копнен пробив на фронтот, откако во јуни беа одбиени неколку такви обиди, но врши постојано гранатирање со повеќекратни ракетни лансери HIMARS со долг дострел.

Воени аналитичари сметаат дека украинското водство намерно ја ескалира ситуацијата во регионот Херсон за да издејствува нови дополнителни испораки на оружје од Западот. Сметаат дека украинската војска, како паравоените формации така и регуларната професионална војска, нема капацитет да се спротистави на руските единици во регионот и притоа посочуваат дека од почетокот на војната во Украина немало ниеден успешен пробив на украинската војска.

Од средината на март, две седмици откако Русија го започна она што го нарекува „изнудена превентивна специјална воена операција“ во Украина за заштита на руското и рускојазичното население во Донбас, ја презема контролата врз Херсон и азовското крајбрежје на соседната Запорошка област. Руските воени власти воспоставија цивилно-воена администрација во двете области, рубљата е воведена во оптек наместо украинската гривна. Привремените управи на двата региона објавија намера по примерот на блискиот црноморски полуостров Крим во 2014-та да се присоединат на Руската Федерација, за што во Москва одговорија дека треба да реши тамошното население, а САД обвинија дека Русија се подготвува за „нова анексија на украинска териорија“.