![moskva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/moskva.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Обединетите Нации и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) треба да покажат подготвеност да ги заштитат правата на националното малцинство во Украина, истакнале од министерството за надворешни работи на Русија, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„Тоталното игнорирање на интересите на рускојазичното население на Украина не е новост, туку перманентна реалност. Последното сведоштво за тоа е прекинот на емитувањето на четири големи руски телевизиски канали“, велат од министерството.
Ситуацијата со етничките Германци, Чеси, Унгарци и други национални малцинства кои живеат во Украина е слична, посочуваат уште од МНР на Русија .