Москва отфрла дека ја наговара Белорусија да се вмеша во војната во Украина

Воопшто не се вистинити нагаѓањата и шпекулациите на Западот и во Киев дека целат на посетата по три години на рускиот претседател Владимир Путин на Минск е да ја наговори Белорусија, да се вклучи во судирот во Украина, порача во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Таквите сугерирања се неосновани и глупави“, одговори Песков на брифингот за новинарите акредитирани во Кремљ.

Во периодот во последните седмици кога руската војска секојдневно известува за бавно но постепено континуирано одбивање на позициите на украинските сили од југоисточниот проруски регион Донбас кон центарот на земјата, доаѓа првата посета на рускиот претседател Владимир Путин на Белорусија по повеќе од три години.

Истовремено, пред оваа посета, белоруското министерство за одбрана објави дека спровело низа проверки на подготвеноста на своите вооружени сили. Но повеќето воени аналитичари и на Западот, тоа го толкуваат како стравување на Минск од можни провокации од украинска страна, како реакција на зголемите контингенти на НАТО во земјите членки коишто граничат со Белорусија.

Белорускиот претседател Александр Лукашенко изминатите месеци повеќепати изјави дека Минск поседува сознанија за планови на Киев и некои соседни земји на територијата на Белорусија да бидат уфрлени белоруски опозиционери обучувани во борбите на украинска страна со цел да предизвикаат граѓанска војна и можно соборување на белориската влада.

Киев, кого Минск го обвини за повеќе провокации во пограничната област од почетокот на годинава стравува дека Белорусија може, покрај тоа што наводно ја отстапила својата територија за изведување операции на руската инвазија и да преземе поактивна улога во војната.

Последните денови украински функционери за западните медиум, во контекстот на новите барања на дополнително оружје од Западот, велат дека Русија и можела во јануари да започне нова офанзива кон главниот град Киев, и тоа од територијата на Белорусија.

Загриженоста во Киев расте и поради маневрите на заедничките руско-белоруски маневри, откако во октомври беше основана заедничка групација војски со околу 7.000 војници.

Руското Министерство за одбрана неодамна објави сима до воените вежби во Белорусија на кои единиците вежбаат артилериско гаѓања со моќната порака „Од мугрите до самракот, нема ни секунда тишина на полигоните во Белорусија“.

Воените аналитичари проценуваат дека е неверојатно дека самата Белорусија ќе се вклучи во војната во Украина, но од друга страна на ваквото руско-белоруско сојузување би се ангажирале украинските сили на истокот и западот на Украина. Како што претходно соопшти официјален Минск, одлуката „се спроведува исклучиво во интерес на зајакнувањето на безбедноста и одбраната на границата на државниот Сојуз и оти „е диктирана од моменталните активности во пограничните региони“.

Договорот за формирање Унија (Сојузна држава) Белорусија и Русија е потпишан на 8-ми декември 1999 година. Неа ѝ претходеше формирањето на Заедницата на Белорусија и Русија во април 1996 година, а во април 1997 година на Сојузот Белорусија и Русија, со крајна цел создавање заедничка држава.