Повод за заканата со ракетен напад врз Сирија од страна на САД, Велика Британија и Франција треба да биде провокација со наводна употреба на хемиско оружје од страна на сириските владини сили што ќе го исценираат џихадистите, и поради тоа во Персискиот залив е испратен американскиот разурнувач, рече во саботата на прес-конеренција, портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
Според Конашенков, поради тоа во Персискиот залив од пред неколку дена впловил американскиот разурнувач „Тhe Sullivans“ со 56 крстосувачки ракети, а во водухопловната база ал-Удејд во Катар се дислоцирани стратешките бомбардери „B-1B“, вооружени со 24 крстосувачки ракети од типот „воздух-земја“ AGM-158 JASSM.
Портпаролот на руското министерство за одбрана истакнува дека станува збор за индиректна потврда дека САД и сојузниците се подготвуваат за уште еден „акт на агресија“ против Сирија, за што ќе искористат со ништо непотврдени изјави на високи претставницци на овие земји за „најрешителните“ намери за одговор на наводното користење на хемиско оружје од страна на сириските власти.
„Со тоа, активностите на западните земји се во спротивност со јавните изјави и се насочени кон уште едно остро влошување на ситуацијата на Блискиот исток и уривање на мировниот процес на територијата на Сирија“, изјави Конашенков посочувајчи на изјавата од 22-ри август на Вашингтон, Лондон и Париз.
Според податоците и сознанијата што ги поседува руското министерство за одбрана, провокацијата се подготвува да ја направи џихадистичката групација Хајат Тахрир ал-Шам (поранешна Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, коешто така се преименуваше за да избегне да биде ставена на листата групации за кои не важи сириското примирје – .з.р.). За исценирање на хемискиот напад, исламистичките милитанти донеле во градот Џиср ал-Шугур осум резервоари со хлор, кои потоа се однесени во селот Халјуз, укажуваат разунавачки информации.
Покрај тоа, во истиот регион дошле и милитанти обучени за ракување со токсични супстанции под раководсвтво на експерти од британската приватна воана компанија „Олива“. Овие терористи треба да играат улога на спасувачи на наводните жртви на напад со хемиско оружје во облеките на озглогласените Бели шлемови, прецизира Конашенков.
Светските медиуми пренесуваат дека за нападот кој се подготвува врз Сирија, на секртерот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушенко, му соопштил советникот на Белата куќа за национална безбеднсот, Џон Болтон, но не е јасно дали тоа се случило при неговата неодамнешна посета на Москва. Според неговата изјава, САД ќе преземеле таков чекор, доколку Дамаск употреби хемиско оружје.
Според Вашингтон, пак, САД поседуваат информации спорд кои е можно сириската армија да употреби хемиско оружје за ослободување на териториите кои се’ уште ги контролираат бунтовниците, на што американската страна е подготвена да „одговори со уште посилно воено дејствување“ отколку претходно.
Медиумите, исто така, забележуваат и дека и пред средбата со Патрушев, Болтон даваше изјави дека САД гледаат планови на сириската влада да продолжи со офанзивните операции во покраината Идлиб и дека Вашингтон „најодлучно ќе одовори“, „доколку сирискиот режим примени хемиско оружје“.
Претходниот ракетен напад во Сирија што го изведоа САД, Велика Британија и Франција на 14-ти април годинава беше оправдан со наводен „хемиски напад“ во градот Дума. Притоа овие западни сили не чекаа воопшто на резултатите од истрагата на експертите од Организијата за забрана на хемиското оружке (OPCW) кои беа на теренот, и го прогласија официјален Дамаск за виновник иако до денес не се понудени докази за тоа.
Сите заклучоци тогаш беа носени врз основа на видео записи објавени на социјалните мрежи од страна на бунтовниците, а подоцна се јавија и сведоштва за странските медиуми дека тие биле исценирани и режерани снимки. Тогаш владата во Дамаск, и нејзината сојузничка Русија решително негираа дека во Дума се случил хемиски напад. Руското министерство за надворешни работи порача дека желбата на тој сојузнички напад била да се заштитат терористите и да се оправда воена операција однадвор, а претседателот Владимир Путин оцени дека нападите се чин на агресија врз суверена земја. И тогаш, на 13-ти март, еден месец пред наводниот напад, рускиот Генералштаб на армијата предупреди дека се подготвува провокација од страна на милитантите со употреба на хемиско оружје во областа на Источна Гута.
Инаку меѓунаодните стручњаци на OPCW пред три години по опсежата инспекција откако Сирија по сличен инцидент стана членка на организацијата, соопштија дека од земјата се изнесени сите резерви од воени отрови и оти е демонтирана инфрастуктурата за нивно производство.