Москва: Русија има право да размести нуклеарно оружје на Крим

Русија има право во случај на потреба да размести нуклеарно оружје на сопствена територија, вклучувајќи го и Крим, изјави денеска директор на оддел во руското МНР за неширење и контрола на оружје.

– Русија несомнено има право да размести доколку биде потребно, свое нуклеарно оружје на која било локација на својата национална територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим, изјави Михаил Уљанов, пренесува МИА.

Украинската страна смета дека евентуално поставување нуклеарно оружје на Крим ќе биде кршење на меѓународно норми.

Крим и градот Севастопољ се присоединија кон Русија по референдум во март 2014 година.

Министерството за одбрана на Русија наведуваше дека е можно на Крим да се префрлат десет носачи на ракети Ту-22М3 кои може да бидат опремени со нуклеарно оружје, но ништо не се зборуваше за разместување нуклеарни боеви глави.