Москва: САД продолжуваат со групирање сили на Блискиот исток пред провокацијата од џихадистите во Сирија

Соединетите држави продолжуваат со зголемувањето на своите воени сили на Блискио исток, што е поврзано со подготовките на џихадистите во сирсиката покраина Идлиб да исценираат „употреба на хемиско оружје“ од страна на владините сили, предупреди уште еднаш во понеделникот портпаролот на Генералштабот на руската армија, генерал-мајор Игор Конашенков.

„На 25-ти август во Средоземното Море вплови американскиот разурновач Ross, со 28 ракети од типот ’Томахавк’, чијшто радиус на дејствување овозможува да се нанесе удар врз целата територија на Сирија“, изјави портпаролот на рускиот Генералштаб.

Според Конашенков, овие подготовки ја потврдуваат намерата на Вапингтон да ја искористи манипулацијата на бунтовниите од џихадистичката група Хајат Тахрир а-Шам. Повокацијата, како што истакна генералот, се подготвува „со активно учество на британските разузнавачки служби“.

Претходно кон крајот на минатата седмица беше објавено дека во Персискиот залив од пред неколку дена впловил американскиот разурнувач „Тhe Sullivans“ со 56 крстосувачки ракети, а во водухопловната база ал-Удејд во Катар се дислоцирани стратешките бомбардери „B-1B“, вооружени со 24 крстосувачки ракети од типот „воздух-земја“ AGM-158 JASSM.

Повод за заканата со ракетен напад врз Сирија од страна на САД, Велика Британија и Франција треба да биде провокација со наводна употреба на хемиско оружје од страна на сириските владини сили што ќе го исценираат џихадистите, и поради тоа во Персискиот залив е испратен американскиот разурнувач, рече во саботата на прес-конеренција Конашенков посочувајќи на изјавата од 22-ри август на Вашингтон, Лондон и Париз.

Портпаролот на руското министерство за одбрана истакна дека станува збор за индиректна потврда дека САД и сојузниците се подготвуваат за уште еден „акт на агресија“ против Сирија, за што ќе искористат со ништо непотврдени изјави на високи претставницци на овие земји за „најрешителните“ намери за одговор на наводното користење на хемиско оружје од страна на сириските власти.

Според податоците и сознанијата што ги поседува руското министерство за одбрана, провокацијата се подготвува да ја направи џихадистичката групација Хајат Тахрир ал-Шам (поранешна Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, коешто така се преименуваше за да избегне да биде ставена на листата групации за кои не важи сириското примирје – .з.р.). За исценирање на хемискиот напад, исламистичките милитанти донеле во градот Џиср ал-Шугур осум резервоари со хлор, кои потоа се однесени во селот Халјуз, укажуваат разунавачки информации.

Покрај тоа, во истиот регион дошле и милитанти обучени за ракување со токсични супстанции под раководсвтво на експерти од британската приватна воана компанија „Олива“. Овие терористи треба да играат улога на спасувачи на наводните жртви на напад со хемиско оружје во облеките на озглогласените Бели шлемови, прецизираше Конашенков.