Москва самата ќе трага по убијците на руските воени заробеници, порача Кремљ

Москва самата ќе ги бара украинските милитанти кои ги егзекутираа руските воени заробеници, порача во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тие мора да бидат пронајдени и казнети“, изјавил Песков на брифингот за новинарите акредитирани во Кремљ.

Притоа истакнал дека Москва е подготвена за меѓународна истрага за случајот со бруталната егзекуција на руските војници кои го положиле оружјето, доколку има надежи за нејзината ефикасност.

„Русија ќе стори сѐ што е возможно во рамките на меѓународните механизми за да го сврти вниманието на ова злосторство и повикувањето пред законот на оние кои може да се вмешани во него“, додал портпаролот на рускиот претседател.

Видеоснимките, кои веќе се повлечени од социјалните мрежи, се појави во петокот 18-ти ноември и на него според објавите во постовите на украински корисници се гледа како украински војници егзекутираат десетина руски војници кои претходно го положиле оружјето. Се претпоставува дека снимката е намерно лиферувана на социјалните мрежи за да предизвика ефект на страв кај руските војници, но предизвикаа остри критики кај меѓународната јавност според која станува збор за многу веројатно воено злосторство.

Изминатите денови Киев ја негираше автентичноста на снимката и на самиот инцидент, но во неделата американскиот дневен весник The New York Times објави дека добил потврда за веродостојноста на снимката која е направена според сознанијата во улични борби во Макеевка во рабната област на прорускиот одметнат регион Доњецк.

Руското Министерство за одбрана порача дека станува збор за брутална егзекуција на војници кои со предавањето престануваат да бидат легитимна цел и е спротивно на правилата на војување. Покрај тоа, истакна дека не станува збор за осамен случај, туку „криминална практика“ на украинските вооружени сили.

Москва истакна дека украинскиот претседател Владимир Зеленски и другите претставници на властите во Киев ќе мора да понесат одговорност „за секој измачуван и убиен воен заробеник“. Имено, претходно руското министерство за одбрана објави снимки со сведоштва на заробени украински војници и руски војници размените меѓу двете страни, во кои се прикажани потврди и повреди од измачувања додека руските војници биле во заробеништво.

Рускиот Истражен комитет отвори кривична постапка во врска со убиства и изживувања врз руските воени заробеници. Шефот на Советот за човекови права Валери Фадеев и Народниот правобранител за човекови права Татјана Москалкова се обратија со апели до низата меѓународни организации барајќи истрага за споменатото егзекутирање на заробениците и јасна осуда на злосторството.