Русија ќе му одговори на колективниот Запад доколку биде прекината или попречувана истрагата за експлозиите од ланскиот септември на двата гасовода Северен тек во Балтичкото Море со што целосно се спречени руските испораки на енергенсот во Германија и Европа, предупреди во петокот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Овој груб терористички напад нема да остане неистражен. Доколку биде блокирана објективната, непристрасна истрага којашто ќе биде транспарентна, се разбира, ќе размислуваме како да му одговориме на Западот за овој директен напад врз наша сопственост.., во голема мерка“, истакна Лавров во емисија на првиот канал на руската јавна телевизија.
Според шефот на руската дипломатија, последните написи во западните медиуми за наводна вмешаност во експлозиите со кои беа разнесени гасоводите Северен тек 1 и Северен тек на некој украински олигарх, само отвораат повеќе прашања за тоа кон што води западната поддршка на властите во Киев.
„Доколку сакале сѐ да му припишат на некој украински и про-украински обучен нуркач, но кој повеќе не е во служби, не е важно дали сте сакале да ја фрлите украинската трага, лаикот во Германија, како и во секоја друга земја, ќе поставува прашања: Повторно Украина? Украинска трага? Тие го разнесоа Северен тек, поради што, како што изјави (шефицата на ЕК, Урсула, фон дер Лејен, не само поради Северен тек, туку и поради проблемите со суровини, за енергијата ЕУ почна да плаќа поскапо“, додаде Лавров.
Истакна дека во ваква ситуација, како и во заднината на зголемите цени на горивата, Германците би можело да почнат да се сомневаат во исправноста на владината одлука да ги испраќа тенковите „Leopard 2“ во Украина и приемот на земјата во ЕУ и НАТО.
Анкетите коишто ги објавуваа германските медиуми пред носењето на одликата за испораките на германските тенкови, уште тогаш укажуваа дека мнозинството Германци се противат на таквиот чекор на Берлин донесен, сепак, под
„Мислам дека ќе има уште многу прашања поради овој обид во буквална смисла да се врзе крај со крај“, заклучи Лавров.
Изјавата на Лавров доаѓа откако по едномесечно игнорирање на написот на американскиот истражувачки новинар Сејмур Херш во кое се тврди дека експлозиите на гасоводите биле планирани и изведени од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и воената морнарица на Норвешка, од почетокот на седмицата западните медиуми објавуваат написи според кои одговорноста се сведува на изолирана „проукраинска“ група која не е поврзана со претседателот Водоломир Зеленски или владата во Киев.