Москва се закани со удар врз командните центри во Киев, заземено пристаништето во Мариупол

Украинската војска продолжува да напаѓа цели во Русија и доколку продолжи со таквите дејствија, руските вооружени сили ќе ги целат командните и центрите во кои се носат одлуки во Украина, предупреди во средата руското министерство за одбрана, чиј портпарол објави дека руските сили го заземале целосно трговското пристаниште во стратешкиот јужен црноморски град Мариупол.

Претходно во средата властите на Кореневскиот регин во Курската област, на рускиот југозапад, известија дека во селото Гордеевка бил отворен оган од страна на Украина, на што било возвратени од руска страна.

„Гледаме обиди за диверзии и напади од страна на украинските војски врз објекти на територијата на Руската Федерација. Доколку таквите случаи продолжат, вооружените сили на Руската Федерација ќе ги нападнат центрите на одлучување, вклучително и во Киев, од што руската армија досега се воздржуваше“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана.

На почетокот од април два украински хеликоптера извршија ракетирање врз складиште за нафта во близина на Белгород, исто така, во Курската област. Повеќе руски региони кои граничат со Украина поради ваквите напади, кои практично конфликтот од инвезија на една врз друга земја го воведува во фаза на војна, прогласија „жолто“ ниво од терористичка закана, односно зголемување на подготвеноста за безбедносен одговор.

Истовремено портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков, објави дека комерцијалното поморско пристаниште е целосно заземено од рацете припадниците на укранскиот паравоени формации на националистичките групации „Азов“.

„Во градот Мариупол, поморското комерцијално пристаниште е целосно ослободено од милитантите на нацистичката формација Азов“, рече Конашенков.

Ослободени се, истакна Конашенков, и сите заложници кои украинските борци ги држеле како заложници на бродовите, вклучително и странски.

„Остатоците од единицитге на украинските трупи и нацистите на ‘Азов’ блокирани се и оневозможено им е да се извлечат од опколувањето“, додаде портпаролот на руското министерство за одбрана.