Три бригади на украинските вооружени сили во обидите да ја повратат контролата над територии во Николаевската и Херсонската област на југот од Украина кои се под контрола на сепаратистичките и руските сили, загубиле околу 500 убиени и ранети војници, тврди во четвртокот руското Министерство за одбрана.
„Како резултат на масивното гранатирања, загубите на 24-та и 28-та механизиран бригада на вооружените сили на Украина во областа на населбите Красное Знамја и Новогригоровка во регионот Николаев, како и 46-та аеромобилна бригада во населбите Сухој Ставок и Белгорока во регионот Херсон изнесуваат 500 загинати и ранети војници и повеќе од 40 единици воена опрема“, се вели во објавата.
Истовремено се додава и дека десеттата планинска јуришна бригада на украинската војска во неуспешниот обид да напредува, загубила повеќе од 80 војници кај населбата Спорное во отцепениот проруски југоисточен регион Доњецк.
Руското Министерство за одбрана во дневниот брифинг наведува и дека наводно во воздушни напади со високопроцезни проектили биле нападните позиции на 116-та бригада на украинската територијална одбрана и единица на специјалните украински сили „Омега“ во Харковската област, биле убиени 30 војници и десет парчиња воена опрема.
Руската авијација, ракетните трупи и артилеријата, според истиот извор, погодиле седум командни пункта на украинската војска, како и 42 позиции на артилериски единици, жива сила и воена опрема во 116 области. Покрај тоа, биле наводно уништени пет магацини со оружје и муниција на украинските сили.
Руските противвоздушни системи распоредени во југоисточна Украина во изминатото деноноќие собориле 12 украински беспилотни летала, два балистички ракети „Точка-У“ и 30 проектили од повеќекратни ракетни системи HIMARS и „Олха“, додава министерството.