Москва убедена во брзо решавање на кризата во Белорусија, Балтикот бара нови избори

Кремљ во саботата, по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин со белорускиот колега Александр Лукашенко, изрази убеденост во брзо решавање на кризата со масовните протести во Белорусија по претседателските избори, додека Балтичките замји го повикаа Лукашенко да организира нови избори.

„Двете страни изразија убеденост во скоро решение на проблемите во Белорусија“, објави во соопштението за јавноста Кремљ.

Според соопштението „најважно е овие проблеми не ги искористат силите кои сакаат да ја поткопаат соработката која е довстрано корисна“ а е воспоставена со Сојузот на Русија и Белорисија.

„Разговорот ја потврдува ориентацијата кон јакнење на односите во овој сојуз кои соодветствуваат на клучните интереси на братските народи на Русија и Белорусија“, додава Кремљ.

Белоруската државна новинска агенција БелТА претходно објави дека двајцата претседатела разговарале „за состојбата во Белорусија и надвор од неа“. Се додава дека Лукашенко побарал да разговара со Путин за „заканата“ на која е изложена неговата земја, но и „целиот наш регион“. Притоа Лукашенко најмногу целел на опасноста која протестите во Минск ја претставуваат за Сојузот Русија – Белорусија.

Повеќе илјади демонстранти во саботата повторно се собраа во белоруската престолнина Минск на протестите против реизборот на претседателот Лукашенко. Од минатата недела секој ден тие го оспоруваат реизборот на Лукашенко, изразувајќи незадоволство против наводната изборна измама и насилното задушување на протестите.

Официјален Минск, иако изминатите години направи приближувања со САД и имаше тензични односи со Русија особено во енергетскиот сетор, за навоцниот обид да се држи земјата во вазалски односи до обвинувањата дека руски платеници требало да учествуваат во уривањето на Лукашенко на изборите на 9-ти август, сепак доби поддршка од Москва. Руската страна ги осуди „обидите за странско мешање со цел да се дестабилизира“ историскиот руски сојузник.

Истровремено балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија го повикаа Лукашенко да организира нови избори во земјата. Притоа трите земји ги повикуваат белоруските власт да го „прекинат насилството врз демонстрантите и да ги пуштат од притвор“ уапсените демонстранти.

Естонскиот премеир Јури Ратас, неговите латвиски и летонски колеги Крисјанис Каринс односно Саулису Сквернелис „ја повикуваат Белорусија да спроведе слободни и чесни претседателски избори на транспарентен начин, со учество на меѓународни набљудувачи“, се наведува во заедничкото соопштение објавено во саботата.

По изборите минатата недела започнаа обвинувања за кражба на изборите, на кои Лукашенско освои речиси 80 отсто од гласовите, додека неговата најголема опонентка Светлана Тихановска малку повеќе од 10 отсто, а со што актуелниот белорускиот челник си го обезбеди по четврт век на власт и шестиот мандат. Полицијата брутално реагираше на протестите и продолжените собири на демонстрантите. Најмалку три илјади се притворени во протестите кои се оценуваат како најголемите во оваа поранешна советска република.

Демонстрантите бараат Лукашенко да се повлече од власта. Поради насилствата, Европската унија во петокот даде одобрување за воведување санкции за Белорусија.

„Многу е важно и тоа ЕУ да најде начини и средства за да овозможи поголема поддршка на белорускиот цивилен сектор, бидејќи белорускиот народ заслужува отворено и слободно општество. Белорускиот народ не би требало да биде казнет поради постапките на своето водство“, се додава во соопштениеето на премиерите на балтичките земји.