Москва: Украинската војска во нападите кај Курск загуби речиси илјада војници

Руските единици продолжува со сузбивањето на обидот на украинската војска да ги префрли борбените дејствија подлабоко на територијата на руската погранична Курска област, при што од почетокот на активностите во средата досега се убиени или онеспособени околу илјада украински војници и стотици парчиња оклопна воена механизација, објави во петокот руското Министерство за одбрана.

Според овој извор, единиците на групацијата војски „Север“ и испратените резерви, во содејство во армиската авијација и артилеријата во изминатото деноноќие извеле успешни операции во спречувањето на обидите на украинската војска за напади подлабоко на руска територија. Во тие операции била гаѓана жива сили и воена техника на украинската армија во четири места на западната периферија на Судџа.

Станува збор за област со густа шума и слабо населени оддалечени села во правец на гасниот хаб кој се користеше за испораки на рускиот гас во централна Европа и кој досега не беше цел на напади, а во моментов Украина го блокира вршејќи притисок врз Унгарија и Словачка, членки на ЕУ и НАТО, кои одбиваат да му испорачаат оружје на Киев сметајќи дека тоа само го ескалира две иполгодишниот конфликт.

Според руското Министерство за одбрана, во областа во четвртокот биле уништени пет оклопни транспортери од американско производство, како и колона составена од тенк, четири оклопни транспортери и борбено тешко оклопно возило од типот „Казак“, а авијацијата ги уништила резервите на украинската војска распоредени во Сумската област.

Според руската страна, чии податоци не можат независно да се потврдат, само во четвртокот украинската војска загубила 280 војници и 27 единици тешки борбени оклопни возила, од кои четири тенкови и пет оклопни транспортери, 18 борбени оклопни возила, шест борбени возила, 155-милиметаска хаубица „М777“, 155-милиметарска самоодна артилериска единица „Краб“ и уште една „Д-20“.

Севкупно, во текот на борбите во правецот на Курск, украинската војска загубила до 945 војници и 102 оклопни возила, вклучувајќи 12 тенкови, 17 оклопни транспортери, шест пешадиски борбени возила, 67 оклопни борбени возила, како и 12 возила, две самоодни противвоздушни ракетни фрлачи „Бук М1“ и три теренски артилериски оружја.

„Операцијата за уништување на единиците на украинските вооружени сили продолжува“, нагласи Министерството за одбрана.

Обид за продор на украинските вооружени сили во регионот Курск од руската страна на границата, започна во вторникот утрото, откако украински единици со процените околу илјада луѓе се обидоа да заземат дел од територијата на областа Судџанск во Курскиот регион.

Како што во средата извести началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов, руската војска го запре напредувањето на вооружените сили на Украина подлабоко во регионот. Тој нагласи дека операцијата во областа Курск ќе заврши со пораз на непријателот и пристап до државната граница.

За време на обидот за инвазија на украинските вооружени сили, повредени се неколку десетици руски цивили, како и воен персонал, посочи Истражниот комитет. Според в.д. заменик-гувернер на областа Курск, Андреј Белостоцки, загинале четири лица. Бројот на повредени деца се зголеми на девет. Не се соопштени загубите во редовите на руските сили.
Во Курската област е воведен федерален режим на вонредна состојба.