Москва: Евакуирани две железнички станици поради закана за бомба

Околу 500 лица се евакуирани од две железнички станици во Москва денес, откако претходно полицијата добила дојава дека во нив се поставени бомби, јавува Ројтерс, повикувајќи се на РИА Новости.

Според руската новинска агенција, во моментов се евакуирани железничките станици Павелетски и Курски. На железничката станица Курски не била најдена бомба.

Во претресот учествувале и полициски кучиња.

Засега нема информации што се случува на станицата Павелетски. Московската полиција засега се воздржува од коментар.