Мостар: Момче скокна од мост за џепарлак!

Едно момче, кое има истетовирано мост на своето тело скокна од мостот во Мостар бидејќи бројните туристи му дале пари да го стори тоа.

Момчето се качи на оградата, а потоа мирно скокна во ладната Неретва, на воодушевување на присутните.

Да се потсетиме, скоковите од мостот во Мостар се повеќедецениска атракција. Според старите записи, скоковите се постари од самиот мост. Имено, во време додека го немало Стариот мост, храбрите момци скокале од карпа покрај брегот на Неретва. Во шеесетите години на минатиот век е донесена одлука да се премине на Стариот мост, така што од 1968-ма година па се денес скоковите се одвиваат од Мостарскиот мост.

Се развиле и скокачки стилови, а целта е со скокот да се исфрли што помалку вода на површината.