![motor-nesreka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/motor-nesreka.jpg?resize=500%2C235&ssl=1)
Дваесет и пет годишниот Ј.Ѓ. од Битола, управувајќи мотоцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на А.Б. од Охрид, вчера изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот.
Несреќата се случила во Битола на улица „Партизанска“, во 18:45 часот.
Во незгодата, Ј.Ѓ. се здобил со скршеница на десна клучна коска и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Битола, е пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.