Дваесет и две годишниот скопјанец Б.Т. е повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 16:20 часот на крстосницата од улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко моторно возило “Рено 5“ со скопски регистерски ознаки управувано од Р.Л.(62) и мотоцикл “Кавасаки” исто така со скопски регистерски ознаки, управуван од Б.Т.(22) и двајцата од Скопје.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош Б.Т. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.