Од тимот синоќа објавија дека човекот што пукал кон нивниот автобус бил на мотор. Пукањето се случило во Билефелд, каде денеска Херта гостува во рамки на германскиот Куп. За среќа нема повредени по инцидентот, а можеби олеснителна околност е тоа што во автобусот немало никој освен возачот.
Автобусот патувал од хотелот каде биле сместени фудбалерите кон стадионот на Арминија Билефелд да ја собере екипата по тренингот. За среќа возачот само се исплашил и овој бизарен инцидент завршил без повреди.