Мотоциклист тешко повреден, излетал од пат откако изгубил контрола

На 20.06.2021 околу 00.05 часот на патот Р1103 Кавадарци – Неготино, кај место викано „Антена“, мотоцикл „линкген 125“, без регистарски ознаки, управуван од Л.Р.(37) од с.Долни Дисан, неготинско, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-По незгодата Л.Р. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телсени повреди, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Неготино.