На 24.07.2020 во 00.30 часот на бул.„8 Септември“ во Скопје мотоцикл „дукат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(43) од Скопје, изгубил контрола и удрил во метален столб.
-По незгодата, Р.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тeшки телесни повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Штип.