Во петокот во 16.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улицата „Кеј 8-ми Септември“ во Радовиш, И.П., на 45 години, од Радовиш, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Радовиш.