Триесет и двегодишниот Драган Марковиќ од Србија загина откако со својот мотор, додека се обидувал да претекне камион. Најверојатно лошо ја проценил ситуацијата, па завршил во бандера.
Како што пишуваат српските медиуми Драган сакал да го претекне камионот, но од спротивната страна доаѓал автомобил, па за да го одбегне, свртел со моторот и загубил контрола, по што удрил во бандера и за жал починал на лице место.
Мотоциклистот зад себе остави сопруга и две малолетни дечиња.