Возач на мотоцикл загина во сообраќајна несреќа која што се случила во центарот на Прилеп, информира портпаролката на СВР Битола, Магдалена Димитриеска.
Во несреќата учествувал моторот, управуван од 42-годишниот З.С. и автомобил марка „Фиат Добло“, управуван од 47-годишниот З.Н..
Од силниот удар и двете возила се запалиле, по што возачот на моторот починал на пат кон болница.
Полициската истрага треба да ги утврди причините за несреќата.