МотоГП: Маркез победи во спринтот

Шпанецот Алекс Маркез (Дукати-Грезини) победи на саботниот спринт во за Големата награда на Малезија во класата МотоГП.

Втор беше неговиот сонародник Хорхе Мартин (Дукати-Прамак), кој ја намали разликата во шампионатот од Италијанецот Франческо Бањаио, трет во саботата во Сепанг.

Стартувајќи од четвртата позиција, Маркез ја оствари својата втора спринтерска победа сезонава по Силверстон во август, додека Мартин освои два поени за да се врати на 11 поени зад водечките.