
Вчера околу 16,25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Yiyung“ со штипски регистарски ознаки, управуван од А.С.(26) од Штип и патничко возило “шкода“ со полициски ознаки, управувано од полициски службеник.
А.С. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во комплекс клиники,,Мајка Тереза’’, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.Д. (27) од Штип. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител.