![motorKrsh](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/motorKrsh.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
На 04.07.2014 година во 10,30 часот на стариот пат Прилеп-Дервен-Велес, на м.в.„Зидина“ се случила сообраќајна незгода во која Рафет Р.(1953) од Прилеп, управувајќи моторцикл „Јава“ без рег.табличка, изгубил контрола и паднал од истиот, по што починал на лице место.
Смртта е констатирана од екипа на ИМП. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп во содејство со ОЈО, по чија наредба, телото на починатиот е пренесено на обдукција.