Моторџија прегазил старец

Моторџија прегазил старец, вчера во Битола, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот на улицата 1 Мај. Тогаш битолќанецот А.В.(30) од Битола, управувајќи мотоцикл „Јијинг“ удрил во пешакот М.И.(73) од Битола.

Од ударот М.И. добил тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.