Скопјанецот Дејан П.(41) загина утрово во сообраќајна несреќа во скопската населба Аеродром, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу 7 часот на раскрсницата меѓу булеварите АСНОМ и Србија пред мостот „Близнак“.
Тогаш се судриле моторот што го управувал Дејан П. и автомобил „митцубиши“ со скопски регистерски ознаки. Моторџијата починал на самото место. Полицијата направила увид и се работи на утврдување на причините за несреќата.