Триесет и триодишниот тетовец С.А. вчера велерта управувајќи моторцикл „Сузуки“ изгубил контрола над истиот и излетал од автопатот Скопје-Тетово на местото викано „Студена Вода“.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, но поради сериозноста на повредите истиот бил префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.